Хајндл повторно во Македонија

07.06.2016 09:46

Специјалниот пратеник за Македонија во Скопје на средби со лидерите на политичките партии, потписнички на договорот од Пржино. Ќе се сретне и со претставници на мегународната заедница. Предвидени се средби и со претседателот на државата Иванов, со премиерот Димитриев, со шефот на дипломатијата Попоски...

Германскиот специјален пратеник за Македонија, Јоханес Хајндл, во Скопје на средби со лидерите на политичките партии, потписнички на договорот од Пржино. Ќе се сретне и со претставници на мегународната заедница. Предвидени се средби и со претседателот на државата Иванов, со премиерот Димитриев, со шефот на дипломатијата Попоски.

Тој во неодамнешното интервју за „Дојче Веле“, порача дека решенијата за излез од политичката криза произлегуваат од договорот од Пржино. За Хајндл, главните предуслови за фер и демократски избори се пречистен избирачки список и независни медиуми. Побара Специјалното обвинителство да работи непречено.

Хајндл беше назначен од германскиот министер за надворешни работи, Франк Валтер Штрајнмаер, за негов специјален пратеник за Македонија, со кој треба да се посредува во решавањето на политичката криза.