Хан ја поздрави одлуката на Иванов

07.06.2016 10:30

Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан вели- одлуката ќе овозможи споведување на правдата, специјалниот обвинетел да продолжи со својата важна работа.

Од Брисел, реакција на одлуката на претседателот Иванов, да ги поништи и останатите одлуки за помилување. Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан вели- одлуката ќе овозможи споведување на правдата, специјалниот обвинетел да продолжи со својата важна работа.

Лидерите на земјата загубија многу време. Сега е поважно од кога било да се вратат на маса и да го имплементираат договорот од Пржино на инклузивен начин. Конкретно, да се преземе брза и кредибилна акција за спроведување на итните реформски приоритети, да се врати земјата на патот на владеењето на правото и на евро-атлантската интеграција- напиша еврокомесарот Хан на „Твитер“.