Почнува екстерното тестирање
07.06.2016 10:33
Учениците се тестираат по два предмета, а Државниот испитен центар веќе ги објави прашањата.

Од денеска до 11-ти јуни се спроведува екстерното тестирање. Со јунската сесија ќе бидат опфатени 178.648 ученици, од основните и од средните училишта. Учениците се тестираат по два предмета, а Државниот испитен центар веќе ги објави прашањата.
Поради уписите во средно училиште, резултатите од екстерното тестирање најпрвин ќе бидат објавени за деветтодделенците (на 13-ти јуни), а за сите други ученици, резултатите ќе се соопштат на 17-ти месецов.
