ЦО на СДСМ го областил раководството да го продолжи процеост за излез од кризата

07.06.2016 10:45

Оттаму велат дека акламативно биле поздравени успешните политики на претседателот на СДСМ, Зоран Заев и на раководството на партијата, бидејќи биле исполнети двата клучни услова: да се спречат изборите на 5-ти јуни и целосно да се поништи аболицијата.

Централниот одбор на СДСМ на синоќешната седница го овластил раководството на партијата да го продолжи процесот за излез од кризата, информира прес- службата на Социјалдемократите.

Оттаму велат дека акламативно биле поздравени успешните политики на претседателот на СДСМ, Зоран Заев и на раководството на партијата, бидејќи биле исполнети двата клучни услова: да се спречат изборите на 5-ти јуни и целосно да се поништи аболицијата.

Раководството на СДСМ од Централниот одбор добило овластување да го продолжи процесот за излез од кризата преку обезбедување владеење на правото, законите да важат подеднакво за сите, како и исполнување на условите за одржување на регуларни, фер, демократски и кредибилни избори.