ЕК задоволна од одлуката на Иванов

07.06.2016 13:11

Брисел бара политичарите да се вратат на преговарачка маса, бидејки Унијата смета дека одговорноста е во нивни раце.

Европската Комисија задоволна од одлуката на Иванов за укинување на сите аболиции. Брисел бара политичарите да се вратат на преговарачка маса, бидејки Унијата смета дека одговорноста е во нивни раце.

„Ја видовте реакцијата на еврокомесарот Јоханес Хан. Тој многу експлицитно ја поздрави одлуката конечно да се укинат сите одлуки за помилувања. Ова е чекор што ќе овозможи спроведување на правдата и продолжување на работата од страна на специјалниот обвинител. Јасно е дека многу време беше загубено и сега е поитно од кога било, политичките лидери да се вратат на маса со цел да го имплементираат договорот од Пржино на еден инклузивен начин. Исто така, потребна е брза и кредибилна акција за спроведување на итните реформи приоритети, за земјата да се врати на вистинскиот пат кон владеење на правото и евро-атлантската интеграција. Направен е еден чекор, но треба да се направат уште  многу чекори. Пржинскиот договор е клучот. Европската унија е подготвена да олеснува, но главната одговорност лежи кај политичките лидери на земјата“, изјави портпаролката Маја Коцијанчич.