Судската администрација утре на протест пред Министерството за правда

07.06.2016 13:54

Од УПОЗ велат дека доколку утре не остварат средба со министерот за правда, тогаш ќе побараат оставка од него.

Синдикатот на судската администрација го најави утрешниот завршен и најголем протест. Ќе почне од 11 часот од пред зградата на ССМ до Министерството за правда. Зачудени се од игноратскиот однос на министерот за правда, вели претседателот на синдикатот, Грујовски, па ќе бараат оставка од него доколку и утре не се сретне со нив.

Ако Министерството се чувствува одговорно пред своите граѓани, треба да седне и да разговара. Ако и утре не се состанеме значи нивната последна порака е дека го игнорираат штрајкот, што ќе предизвика други реперкусии, рече претседателот на УПОЗ, Пеце Грујовски.

За следните чекори што ќе бидат преземени, Синдикатот на УПОЗ заедно со синдикалните организации во судовите ќе одлучи на состанок што ќе се одржи по протестот.