Заев: Два клучни чекори до 18-ти јуни

07.06.2016 14:39

Лидерот на СДСМ го објави партискиот план за продолжување на разговорите за создавање услови за фер и демократски избори...

Со исполнувањата на двата клучни предуслови поставени од СДСМ, целосно повлекување на аболицијата и одложување на изборите на 5-ти јуни, се отвора простор за надминување на кризата, изјави лидерот на партијата Заев. Го објави партискиот план за продолжување на разговорите за создавање услови за фер и демократски избори.

„Планот содржи два клучни чекори што мора да се исполнат до 18-ти јуни. Прво- Уставниот суд да ја потврди уставноста на Законот за Специјално јавно обвинителство. Правдата и борбата против криминалот и корупцијата се уставни категории и не смеат веќе да бидат под било каква закана. За правда не преговараме. Второ- сите приведени граѓани коишто протестираа треба да бидат ослободени и да запре прогонот врз демонстрантите. Само ако се исполнат овие два чекори, договорот од Пржино може да преживее“, изјави Заев на денешната прес-конференција.