МВР: Професори од Економски барале од 500 до 1.000 евра мито за 6-ка

07.06.2016 14:44

МВР разби добро разработена шема на корупција која последниве две години функционирала низ ходниците на Економски.

Од 500 до 1000 евра плаќале студенти за да добијат шестка на Економскот факултет. Некои од нив не ни исполнувале услов за да полагаат, некои не го ни пријавиле испитот, а сепак, во индексот им била впишувана преодна оценка.

МВР разби добро разработена шема на корупција која последниве две години функционирала низ ходниците на Економски.

„Шемата била разработена така што сопственикот на бифето поткупот во вид на парични средства го земал директно од студентите, а потоа го предавал на асистентот, за истиот да ги даде на професорите со цел тие во индексите на студентите да пишат преодна оценка 6 за предметите кои ги предаваат, и покрај тоа што истите не го поседуваат потребното знаење за положување на испитот“, изјави на денешната прес-конференција министерот за внатрешни, Митко Чавков.