Републичка пензионерска ревија на песни, музика и на игри

07.06.2016 15:27

70 години од пензионерското организирање во Македонија, на кое присуствуваа 600 пензионери, кои имаа можност да се вратат во спомените од младоста...

Македонските обичаи и ора се наша историја создавана низ вековите. Луѓето од овие простори пееле и кога тажеле, но и кога се радувале и веселеле, рече претседатлот на Сојузот на пензионери, Аргироски. По шести пат граѓаните од третата животна доба, евоцираа спомени од младоста на Републичката ревија на песни, музика и на игри.

Сојузот на пензионери има соработка со Градот Скопје во реализација на разни програми и активности, за остварување поквалитетен живот на пензионерите, вели градоначалникот Трајановски.

Преку манифестацијата, пензионери даваат искрен придонес во негувањето на богатата македонска традиција , нашиот староградски фолклор и изворното творештво, оцени министерката Канческа- Милевска.

Манифестацијата е убав повод пензионерите од сите градови во Македонија да се дружат меѓусебе и да го пренесат на младите генерации своето искуство и вредностите врз кои натаму треба да се гради нивната иднина, рече Канческа-Милевска.

 

Александра Перевска