Мигранти

Домино ефект со илегалците

28.01.2014 15:38

Брзи промени во миграциските текови преку земјите од Западен Балкан

Брзи промени во миграциските текови преку земјите од Западен Балкан. Постои тренд на пораст на илегалци кои од Африка, Азија и Средниот Исток, преку Турција и Грција влегуваат во Македонија, а крајни дестинации им се САД, Европа и Русија. Мигрантите порано влегувале пеш, преку тешкопроодни патеки. Сега користат и автомобили, камиони и возови. 
 
Се јавуваат транснационални организирани групи кои за одреден надомест гарантираат дека лицето ќе дојде до посакуваната дестинација , вели  Магдалена Лембовска – истражувач во Аналитика 
 
Истражувачкиот центар Аналитика со препораки да се подигне свеста кај граѓаните дека помагањето и обезбедувањето нелегален престој е кривично дело и да се едуцираат таксистите и возачите на автобуси за последиците од криење
илегални мигранти. Полицијата најлесно ги лоцираа со специјално возило за визуелно набљудување.
 
Утврдување на постојните и откривање нови точки на границата, прераспоредување на средствата во зависност од тековните трендови и добиените информации, соработка меѓу регионалните центри со МВР и со другите министерства, нагласи Никола Мирчевски – виш полициски советник во МВР.
 
Мигрантите најчесто се враќаат во земјите од каде што дошле. Соработката со Грција не е задоволителна.
 
Неопходно е вклучување и интегрирано дејствување и на земјите  што се посочени како каналин по кои се случува проблемот на нерегуларна миграција , а се мисли на Турција , Грција, Бугарија потенцира професорот  Трпе Стојановски – директор на МАРРИ  Регионален центар.
 
Мигрантите нелегално ги поминуваат границите од економски причини или војна во нивните држави.  
 
Наташа Гркова-Петрушевска