Џијан Емин и Јуан Аткинс со Белградска филхармонија на „ДЕВ9Т“
Диригентот и композиторот Емин е задолжен и за оркестрацијата на 11-те композиции за симфониски оркестар кои премиерно ќе бидат изведени токму во Белград, а покрај Јуан Аткинс, кој ќе настапи како солист на клавијатури и електроника, на концертот ќе гостува и вокалниот солист Милан Ариел.

Еден од најдобрите македонски музички уметници, Џијан Емин на 14 јуни ќе настапи во Белград, како диригент со Белградскиот симфониски оркестар и со американскиот диџеј и продуцент Јуан Аткинс. Овој несекојдневен музички настан ќе се одржи во Старата Циглана, како централен настан во рамките на второто издание на фестивалот „ДЕВ9Т“.
Диригентот и композиторот Емин е задолжен и за оркестрацијата на 11-те композиции за симфониски оркестар кои премиерно ќе бидат изведени токму во Белград, а покрај Јуан Аткинс, кој ќе настапи како солист на клавијатури и електроника, на концертот ќе гостува и вокалниот солист Милан Ариел.
Новиот проект на Емин и продукциската куќа „Излет Мјузик“ е своевидно продолжение на претходниот мошне успешен проект со познатиот диџеј Дерик Меј, кој се одржа во Охрид заедно со Македонската филхармонија и со кој беа остварени и неколку значајни гостувања во Гент (Белгија), Париз и Ница (Франција), Детроит (САД) и Мелбурн (Австралија). Синергијата на електронската и класичната музика и овој пат е генерален опис на музиката која што ќе може да ја слушне белградската публика во Старата Циглана.
