Уличниот театар „Баскерфест“ од утре во Скопје
Уличниот театар „Баскерфест“ од утре во Скопје

Жонглери, акробати, магионичари, кловнови, илузионисти и музичари ќе бидат дел од уличниот театар под отворено небо „Баскерфест“. Од 10 до 19 јуни ќе ги забавуваат посетителите на градскиот плоштад „Македонија“ во Скопје.
Уличниот фестивал веќе 11 години носи позитивни вибрации со атрактивните баскер изведувачи од целиот свет. Програмата ќе се одвива на три бини, организаторите најавија отворање со светски познатиот танчар Суад Демировиќ и германскиот мајстор за комедија Вили Вондер.
Во состав на „Баскерфест“ в сабота на градска плажа „Парк“ ќе се одржи и „Оne day fest“ , спектакуларна забава со пена и учество на многу баскер артисти.
„Баскерфест“ годинава ќе се одржува и низ 10 града низ државата. Секој град барем неколку дена ќе има можност да ја доживее магијата на уличната уметност, која ќе трае до 13 јули.
Александра Перевска
