Богата програма на театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“

09.06.2016 16:04

Осум дена театарска уметност во прилеп. Утревечер почнува 51-то издание на македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. 12 претстави се во трката за најдоброто остварување и 10 во придружната програма...

Почнува празникот на театарот. По 51 пат се крева завесата на македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. Секој фестивалски ден нуди богата програма.

Во осумте фестивалски дена, празникот на театарот ќе понуди 12 претстави во официјалната конкуренција за награди, уште 10-ина во придружната програма, промоции, изложби и теми од театарската уметност.

Претставата „Име“ на театар „Комедија“ ќе ја отвори официјалната програма и трката за најдобра претстава меѓу двата фестивала.

„За отворањето и затворањето, билетите завршија“, велат на билетарницата од Центарот за култура „Марко Цепенков“.

Публиката  будно ја следи домашната театарска уметност. Младите се во првите редови:

„Кога има „Војдан Чернодрински“, гледам барем по една претстава.“

„Би посетиле некоја драма, со интересна содржина.“

„Сакаме да гледаме, уживам во театар, го сакам театарот.“

„За Прилеп е од огромно значење и за неговата публика што можеме на едно место да ги проследиме оние претстави кои оставиле печат на годинатас што поминасла, велат граѓаните“, велат жителите кои ги анкетиравме.

Квалитетот и квантитетот имаат главно место на македонската театарска сцена.

„Квалитет, квалитет, квалитет. Тоа е за мене пресудно. Од сите театри кои ги гледам, го земам најдоброто. Се покажа тој квантитет на нови, млади вработуцвања да донесе многу голем и завиден квалитет“, вели Петар Темелковски, уметнички директор на МТФ „Војдан Чернодрински“.

На отворањето ќе бидат врачени наградите за животно дело. Годинашни лауреати се: Лилјана Мазева, театарски критичар и актерите Илијаме Билјали од албанскиот театар и Сабина Ајрула од Драмски театар- Скопје. Во чест на наградените, идниот петок Македонската опера и балет ќе ја изведат „Кармина Бурана“.

 

Елизабета Митреска