Почина карикатуристот Дарко Марковиќ
10.06.2016 11:30
Марковиќ за своите карикатури и анимирани филмови има добиено повеќе од 30 награди и признанија.

По долго боледување, почина Дарко Марковиќ, познат карикатурист, сатиричар, филмски режисер, автор на стрипот „Пецко“. Марковиќ е роден во 1940 година, дипломирал архитектура, а специјализирал анимиран филм во Загреб.
Професионалната кариера како карикатурист ја почнал во 1960-та година, работејќи во повеќе списанија и весници, а потоа и како главен уредник на „Остен“. Работел во „Вардар Филм“, а беше и професор на Факултетот за уметност по предметот Анимиран филм, како и главен уредник на културно – уметничката програма на Телевизија Скопје.
Марковиќ за своите карикатури и анимирани филмови има добиено повеќе од 30 награди и признанија.
