Изложба за Мајка Тереза во септември во Рим по повод нејзината канонизација

10.06.2016 14:21

По повод нејзината канонизација, ќе се реализира изложба на фотографии и текстови поврзани со животот на големата хуманистка, која со својата истрајност, верба и добрина на светот му подари надеж, љубов, солидарност и милосрдие...

Низ повеќе од 70 експонати подредени во неколку тематски целини на кои се прикажани старо Скопје, детството и младоста на блажената Мајка Тереза, во септември во Рим, по повод нејзината канонизација, ќе се реализира изложба на фотографии и текстови поврзани со животот на големата хуманистка, која со својата истрајност, верба и добрина на светот му подари надеж, љубов, солидарност и милосрдие.

Во рамките на изложбата ќе биде прикажан и документарниот филм „Тереза и јас“ во режија на Теона Митевска.

Блажената Мајка Тереза ни остави огромно наследство. Во нејзина чест се реализирани голем број  активности и проекти- како изградбата на спомен домот - подарок за светот, влог на граѓаните на нашата држава, вели министерската за култура. Соопшти дека во последните 7 години, спомен - домот го посетиле над 600.000 посетители од целиот свет.

 

Александра Перевска