Терористички напад во Оралндо, над 50 загинати
Вооружен екстремист уби 50 и рани најмалку 53 во ноќен клуб во Орландо, Флорида. Полицијата во Лос Анџелес привела осомничен којшто се подготвувал да го нападне фестивалот на гордоста. Се чини, мотиви на напаѓачите се екстремизам и омраза кон хомосексуалците...

50 убиени и најмалку 53 ранети е билансот од најсмртоносниот вооружен напад во историјата на САД. Вооружен напаѓач којшто е идентификуван како Омар Садики Матин отворил оган во ноќен клуб за хомосексуалци во Орландо на Флорида околу 2 часот по полноќ, кога во него се наоѓале околу 320 гости.
Нападот најпрво не бил забележан поради гласната музика, но наскоро се проширила паника меѓу гостите во клубот „Пулс“ коишто се обидувале да избегаат. Напаѓачот ранил и полицаец којшто во моментов бил на служба во клубот, и потоа продолжил да пука. Специјална полициска единица за интервенции три часа подоцна интервенирала за да ги ослободи заложниците во клубот, при што е застрелан напаѓачот.
Американскиот државјанин Омар Матин долго време бил надгледуван од ФБИ како поддржувач на Исламската држава. Тој ова го соопштил во телефонскиот повик на бројот за итни случаи. Според полициските служби, напаѓачот бил инспириран од ИДИЛ и се решил на напад слично како и брачната двојка која изврши напад за Божиќ во Сан Бернардино, Калифорнија и бомбашкиот напад во Бостон.
Омар Матин бил од авганистанско потекло и при нападот извикувал пароли на странски јазик. Американскиот претседател Барак Обама бил брифиран од советникот за национална безбедност за мотивот за нападот на Флорида и денеска ќе го посети Орландо.
„Иако е истрагата е во рана фаза, можеме да кажеме дека нападот е акт на тероризам и омраза. Во наредните денови ќе знаеме дали нападот е поврзан со други групи“, изјави американскиот претседател на прес конференцијата во Белата куќа.
Полицијата во Лос Анџелес притворила осомничен со експлозив и оружје којшто се подготвувал да го нападне Фестивалот на гордоста во овој град. Во автомобилот на осомничениот, пронајдени се експлозивни направи, оружје, муниција и камуфлажна униформа. Подигнато е нивото на безбедност и во Вашингтон, каде илјадници хомосексуалци се собрани за парадата на гордоста.
