19 години затвор за убиството на Детска клиника

13.06.2016 15:17

19 години казна затвор за убиството на медицинската сестра, што се случи на 9-ти јунуари минатата година на Детската клиника во Скопје. Кривичниот суд го прогласи обвинетиот Никола Кузмановски за виновен, за делото убиство на бремено лице. Тој во текот на процесот го негираше делото...

19 години затвор за Никола Кузмановски. Првостепениот суд го прогласи за виновен за убиството на бремената медицинска сестра што се случи на Детската клиника во Скопје.  

Обвинителството побара, а судот одобри притвор до правосилност на пресудата. За одбраната казната не е неочекувана, но е превисока.

Дијана Здравковска била мајка на малолетно девојче. Работела како медицинска сестра во Детската клиника. На 9 јануари минатата година по расправија со обвинетиот на покривот на Клиниката, паднала и ја повредила главата.

Кузмановски ја искористил ситуацијата, па со едната рака и го стегнал вратот, а со другата и ги затворил устата и носот за да не може да дише. Одбраната најави жалба до повисокиот суд.

 

Анита Димитријевска