Таткото и синот осомничени за нападот врз полицајци во Тетово се пријавија во полиција

15.06.2016 15:05

Таткото е осомничен за „убиство во обид“, а синот „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“.

Таткото и синот кои се сомничат за нападот врз четворицата полицајци минатиот четврток во Тетово, попладнево со адвокат, самите се пријавиле во полициска станица. Таткото е осомничен за „убиство во обид“, а синот „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“.

Претходно, Основниот суд во отуство им определи притвор од по 30 дена. Пред пет дена, уште еден 36- годишен тетовец беше ставен во притвор. И тој е осомничен за напад врз службено лице.

Инцидетот се случи минатата недела, кога групата нападна четворица полицајци, кои се обидоа да приведат осуденик за одлежување казна затвор. Најтешко повредениот полицаец е се уште во болница.