Со климатските промени, расте опасноста од ширење на нови заразни болести кај добитокот

21.06.2016 09:24

Со промена на климата се зголемува и опасноста од ширење нови заразни болести kaj добитокот кој досега ги немало кај нас. Таков е примерот со синиот јазик, кој направи големи штети во овчарството, а годинава и со јазлестата кожа кај говедата.

Климатски промени и движењето на дивите животни може да  влијаат  на појавата и пренесувањето на сериозни заразни болести кај добитокот,како што се птичјиот грип, беснилото и чумата кај свињите.

Пример за ваквото влијанието на климатските промени е и појавата на синиот јазик, западно нилската треска и јазлестата кожа која е карактеристична за африканското поднебје.

За заштита на домашните животни  од овие  болести ветеринарните служби работат и преземаат мерки согласно меѓународните стандарди и практики.

Во текот на неделава се очекува да пристигнат и набавените вакцини за целосното вакцинирање на популација на говедата кај нас од болеста јазлеста кожа.

 

Методија Трајков