Почна летото, Македонија во портокалова фаза

21.06.2016 09:41

Синоптичарите за денеска најавуваат сончево и многу топло време со температури до 39 степени со УВ индекс 8. Скопскиот, Осоговско-Малешевскиот, Јужновардарскиот и Пелагонскиот регион денеска ќе бидат зафатени со температури од портокаловата фаза.

И официјално ноќеска во 34 минути и 20 секунди по полноќ, почна летото во Македонија и на северната хемисфера. Во исто време на јужната полутопка настапи зимата. Првиот летен ден e најдолг во годината и во Македонија ќе трае 15 часа и 14 минути.

Синоптичарите за денеска најавуваат сончево и многу топло време со температури до 39 степени со УВ индекс 8. Скопскиот, Осоговско-Малешевскиот, Јужновардарскиот и Пелагонскиот регион денеска ќе бидат зафатени со температури од портокаловата фаза.

Во регионите со портокалова фаза Министерството за здравство препорачува бремените жени и хронично болните лица над 60 години да се ослободат од работни обврски. Работодавачите, според препораките, треба да го реорганизираат работното време и да се избегнуваат активности од 11 до 17 часот. Во регионите опфатени со портокалова фаза се препорачува да не се одржуваат спортски активности на отворено во овој период, а особено во детските градинки да не ги изнесуваат децата на отворено.

Останатите два региони, односно Полошкиот и во Охридско-Преспанскиот регион, ќе бидат зафатени со температури од жолта фаза.

На граѓаните од целата држава им се препорачува да ги почитуваат општите препораки за заштита од високите температури како што се заштита од директна сончева изложеност, избегнување престој на отворено од 11 до 17 часот, носење светла и лесна облека, консумирање лесна храна и течности, хигиенски начин на подготовка на храната и редовно земање на терапијата кај хронично болните лица.

Министерството за здравство напоменува дека е потребен и повисок степен на внимание при подготовката и консумирањето на храната поради повисоките температури кои се најавуваат за следните денови.

Летото ќе трае 93 дена, а ќе заврши на 22-ри септември во 17 часот и 22 минути, кога календарски почнува есента.