Чешка повторно испраќа полициски контингент во Македонија

21.06.2016 09:55

Ова е третпат од оваа пријателска земја да се испраќа полицајци, а последниот контингент беше испратен пред еден ипол месец.

40 чешки полицајци ќе бидат распоредени во Македонија на зелената граница со Грција поради миграциската криза. Ова е третпат од оваа пријателска земја да се испраќа полицајци, а последниот контингент беше испратен пред еден ипол месец. 

Тие имаат задача заедно со македонските колеги да контролираат во околината на Гевгелија, во близина на грчката граница.