Министерот Јолевски на конференција за НАТО во Варшава

21.06.2016 10:10

Предвидено е министерот Јолевски на маргините на конференцијата да оствари средби со претседателот на комисијата за национална одбрана во Парламент на Република Полска, Михал Јах ...

На покана на Германскиот Маршалов фонд, министерот за одбрана Зоран Јолевски, денеска ќе учествува на конференцијата „Политиката на отворени врати на НАТО во Варшава и по Самитот“, што се одржува во Варшава, Полска.

Предвидено е министерот Јолевски на маргините на конференцијата да оствари средби со претседателот на комисијата за национална одбрана во Парламент на Република Полска,  Михал Јах и со поранешниот полски министер за национална одбрана Томаш Шимоњак.