Генерал Гочул во посета на АРМ
Делегацијата ќе има средба со началникот на Генерал- штабот на АРМ генерал потполковник Методија Величковски, на која ќе се разговара за актуелната безбедносната сосотојба во регионот...

Началникот на Генералштабот на вооружените сили на Република Полска, генерал Мјечеслав Гочул од денеска престојува во посета на Армијата на Република Македонија.
Делегацијата ќе има средба со началникот на Генерал- штабот на АРМ генерал потполковник Методија Величковски, на која ќе се разговара за актуелната безбедносната сосотојба во регионот, пред сѐ за мигрантската криза низ призмата на договорот помеѓу ЕУ и Турција, како и за унапредување на билатералната армиска соработка.
Генерал Гочул ќе биде примен и од претседателот и врховен командант на АРМ, Ѓорге Иванов, а со генерал Величковски ќе ја обиколат македонско-грчката граница и ќе го посетат Центарот за обука на пилоти.
