Израелски рабин побара да се труе водата за Палестинците на Западниот Брег
22.06.2016 11:20
Палестинскиот министер за надворешни работи упати најостри критики, нагласувајќи дека ова е повик за злосторство против човештвото.

Израелски рабин побара труење на водата која ја користат Палестинците на Западниот Брег. Според весникот „Дејли сабах“, барањето од рабинот кој се идентификува како Шломо Млмадс било пренесено од израелската организација „Прекин на тишината“.
Палестинскиот министер за надворешни работи упати најостри критики, нагласувајќи дека ова е повик за злосторство против човештвото.
Палестина претходно го осуди Израел поради прекинатото водоснабдување на Западен Брег.
