Совети од народната медицина

29.01.2014 10:58

Ако имате болки во грлото немора веднаш да одите во аптека и да барате таблети или антисептици. Едноставно правете гаргара со солена вода неколкупати дневно и симптомите за кратко ќе ги снема, особено ако после гаргарата се напиете чај со лимон и мед. Оној кој не почувствувал забоболка во 3 часот наутро незнае колку е само лошо чувството кога ве боли расипан заб. Овде нема да ви понудиме нешто што ќе го замени стоматологот за тој заб, но ќе ви понудиме решение додека да се раздени и да побарате решение кај лекар стоматолог. Земете неколку чешненца лук и ставете ги на болниот заб.

Ако имате болки во грлото немора веднаш да одите во аптека и да барате таблети или антисептици. Едноставно правете гаргара со солена вода неколкупати дневно и симптомите за кратко ќе ги снема, особено ако после гаргарата се напиете чај со лимон и мед. Оној кој не почувствувал забоболка во 3 часот наутро незнае колку е само лошо чувството кога ве боли расипан заб. Овде нема да ви понудиме нешто што ќе го замени стоматологот за тој заб, но ќе ви понудиме решение додека да се раздени и да побарате решение кај лекар стоматолог. Земете неколку чешненца лук и ставете ги на болниот заб. Пробајте таму да се задржат, односно џвакајте ги на болното место и не заборавајте наутро да го посетите стоматологот бидејќи тоа ви е неизбежно порано или подоцна. Овде ќе зборуваме за изгореници кои сте ги добиле од некој топол предмент и кои ви задаваат болка и непријатно чувство. Ова не важи за големи и обилни изгореници, случај каде треба веднаш треба да се посети лекар. Доколку се здобиете со изгореница, веднаш местото ставете го под силен млаз ладна вода. После неколку минути, ставете гел од алое вера, но доколку немате, иситнете еден компир, ставете го на повреденото место и држете или поминувајте со него преку раната. Симптомите на главоболка  знаат да бидат доста непријатни и можеби неможете во целост да ги спречите но можете да ги намалите. Правете масажи со етерично масло од слепоочниците до почетокот на вратот. Притоа земете ладна облога на која има и пресечен лимон и ставете ја на челото. Доколку етеричното масло е од лаванда би требало веднаш да почувствувате подобрување. Мораме да нагласиме дека и кофеинот често ја намалува главоболката. Доколку на крајот од ова ништо не помогне, сепак ќе мора да се одлучите за некој анелгетик.