Скопјанец одгледувал речиси 2.000 стебла марихуана во Кратовско

27.06.2016 12:53

Поради наводна изработка на магистерски труд, и покрај негативниот одговор, осомничениот нелегално набавил 2 килограма семе од канабис кое го засеал на две парцели во Кратовско.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против 43-годишен скопјанец поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Поради наводна изработка на магистерски труд, и покрај негативниот одговор, осомничениот нелегално набавил 2 килограма семе од канабис кое го засеал на две парцели во Кратовско.

Полицијата времено ги одзела насадите и семенскиот материјал.