Вишеградска група: Остануваме силен поддржувач на Македонија

27.06.2016 15:58

Полска го презема претседавањето со Вишеградската група од Чешката Република. На церемонијата која се одржа во ЕУ инфо центарот во Скопје, амбасадорите на двете држави истакнаа дека групата останува силен поддржувач за влез на Македонија и преостанатите земји од Западен Балкан во Европската Унија и покрај тоа што евроскептицизмот расте, а Европа се справува со безбедносни предизвици...

„Треба да се фокусираме на идниот развој и како ќе ги надминеме последиците од Брегсит. Полска од секогаш ја подржува политиката на отворени врати за земјите од Западен Балкан, вклучувајќи ја и Македонија, но, покрај огромната подршка има да заврши уште многу работа“- изјави полскиот абасадор во земјава Јацек Мултановски за време на преземањето на претседатевањето со Вишеградската група.

„На земјите од Западен Балкан е да покажат решителност и посветеност за одење напред. Таков сигнал треба да биде испратен од тука. Политичката криза трае долго и одредени решенија треба да се пронајдат во блиска иднина, бидејќи можеме да ја видиме фрустрацијата во општеството“, вели амбасадорот Мултановски.

Настаните кои се случија се сериозен предизвик за функционирањето на Европската Унија, смета вице премиерот за евроинтеграции, Арбер Адеми. Според него проширувањето на Европската унија е начинот на кој може да се одговори на глобалните предизвици.

„Одлуката на Велика Британија да ја напушти унијата не треба да се одрази на политиката за проширување на ЕУ, бидејки важно е за замјите од Западен Балкан, вклучително и Македонија да продолжат со своте реформи и да станат дел од европското семејство“, изјави вицепремиерот Арбер Адеми.

Претседавањето со Вишеградската група полска го презема од Чешката Република. Групата важи за силен подржувач на Македонија во напорите за влез во евроатланските структури.

 

Миле Ристески