Никола Јанкуловски нов ректор на УКИМ
Докторот Никола Јанкуловски е новиот ректор на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“. Доби 43 гласа од Сенатот. За неговиот противник, професорот Ненад Новковски гласаа шестмина. Тензии на изборот...

Никола Јанкуловски е новиот Ректор на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“. Со 43 гласа за Сенатот му ја даде довербата да го предводи УКИМ во следните четири години. Вториот кандидат професорот Ненад Новковски доби шест гласа. Во своето излагање Јанкуловски потенцираше дека автономијата на универзитетот, Болоњскиот процес, финансирањето, квалитетот на УКИМ ќе бидат главни приоритети.
Во тензична атмосфера помина седницата на кој се бираше новиот Сенат и Ректор на УКИМ. Студентскиот пленум со блокади сакаше да го спречи гласањето. Според нив, членовите на Сенатотот предложени од Студентскиот парламент се нелегитимни. Досегашниот ректор, Стојковски образложи- УКИМ не може да се меша во автономијата на Парламентот, а Сенатот не е истражен орган.
Во трка за ректорската фотеља беа шесттмина професори. Велимир Стојковски осум години раководеше со ректорското место.
Викторија Милевска
