Почнаа уписите во средните училишта

28.06.2016 13:20

Полуматурантите денеска се запишуваат во средно училиште. Раководствата на дел од училиштата очекуваат да ги пополнат квотите уште во првиот уписен рок. Годинава најголем интерес за гимназиите, средните медицински и за економските училишта...

Уште од рано изутрината полуматурантите ги наполнија средните училишта. Гимназиите, средните медицински и економски училишта и годинава  најатрактивни за учениците.

Сѐ уште не знаат која ќе биде нивната идна професија па токму затоа одлучиле да се запишат во гимназија, велат дел од полуматурантите.

Раководствата на дел од скопските средни училишта очекуваат да ги пополнат квотите уште во првиот уписен рок. Годинава расте и интеросот и за јазичните смерови.

Сите училишта кои нема да ја исполнат квотета ќе вршат упис на ученици до 30 август.

 

Викторија Милевска