Заедничка гранична контрола на Табановце

28.06.2016 13:27

Се воспоставува заеднички граничен премин во Табановце за побрз и поефикасен железнички сообраќај помеѓу Македонија и Србија, јавува нашиот постојан дописник од Белград...

Во Белград започнаа првичните разговори помеѓу надлежните владини делгации и институции на Македонија и Србија за утврдување на заедничка гранична контрола на железничкиот премин Табановце-Прешево, со цел поефикасно и побрзо инфрастурктурно порвзување во регионот.

Потпишани се 5 протоколи кои треба да овозможат воспоставување на заедничка станица во Табановце каде што ке бидат сместени сите гранични служби на двете држави.

Заедничкото вршење на цариниските контроли на едно место треба да придонесе кон забрзување на железничкиот сообраќај помеѓу Македонија и Србија за најмалку 30 минути.

Со потпишаните протоколи се регулира и соработката помеѓу граничната полиција, царинсиките, фитосанитарни и ветеринарски служби на двете држави.

Тоа се и први конкретни чекори за воспоставување на заеднички железнички премин на македонско- српката граница, како дел од активнстите  кои премиерите на Западен Балакан ги дефинираа на самитот во Виена минатата година.

 

Оливер Бранковиќ, постојан дописник од Белград за МРТ