МИОА: Поедноставна процедура за отпочнување постапка
Се крати времето поминато низ институции за отворање на каква било постапка. Отсега документите потребни за увид, на државните служби ќе бидат достапни преку електронски евиденции. Законските измени даваат можност и за поднесување на електронски барања...

Потврди, уверенија, изводи, решенија, одлуки, лиценци, дозволи и одобренија – од сите овие документи кои досега граѓаните и компаниите мораа да ги достават на увид за да отпочнат некаква постапка од 1. август нема да има потреба. Ќе ги обезбедуваат државните служби преку електронските евиденции. Во иднина од граѓаните ќе се бараат само документи од личен карактер како што се лекарски потврди, договори за купопродажба или закуп, градежни елаборати.
Ако се соочат со проблем, граѓаните ќе можат да поднесат претставка до Државниот управен инспекторат кој ќе врши надзор на работата на службениците.
Законските измени даваат можност и за поднесување на електронски барања. Истовремено се отвара и можност за комуникација со службениците по пат на електронска пошта, фиксен или мобилен телефон.
Анита Димитријевска
