ЦИА предупреди за нови напади од Исламска држава
Претходно и американскиот претседател Обама и турскиот премиер Јилдирим ги осудија џихадистите за масакрот на аеродромот Ататурк во Истанбул во кој загинаа 41 лице, а беа повредени 240.

Директорот на ЦИА Џон Бренан предупреди дека Исламска држава сигурно подготвува напади и на американска територија. Претходно и американскиот претседател Обама и турскиот премиер Јилдирим ги осудија џихадистите за масакрот на аеродромот Ататурк во Истанбул во кој загинаа 41 лице, а беа повредени 240.
„Најчесто Исламска држава не ја презема одговорноста за нападите во Турција. Џихадистите ги извршуваат нападите за да им испратат сигнал на турските сојузници. Никој не треба да верува дека територијата на Соединетите Американски Држави е херметички затворена“, изјави директорот на ЦИА, Џон Бренан.
Ова е трет и најсмртоносен напад во Истанбул годинава. Поради заканата од нови напади, САД го зголемија обезбедувањето и на нивните аеродроми.
