„Девојчето со кибритчињата“ награден на фестивал во Индија

29.01.2014 13:28

Краткиот игран филм “Девојчето со кибритчињата” во продукција на Квазар Филм...

Краткиот игран филм “Девојчето со кибритчињата” во продукција на Квазар Филм е добитник на наградата за најдобар краток филм на овогодинешното издание на меѓународниот детски филмски фестивал Children's India, кој се одржа во период од 20ти до 24ти Јануари.

Филмот е во режија на Филип Матевски. Улогите ги толкуваат младата Диана Стојковска, Ненад Начев, Катарина Илиевска и Јана Стојановска.

Директор на фотографија е Душан Кардалевски, а монтажата е на Зоран Чаневски. Сценариото го напишаа Филип Матевски и Ивана Нелковска, а продуцент на филмот е Данко Димовски.

Филмот е снимен на локации во Старата Чаршија во Скопје, според истоимениот расказ на Ханс Кристијан Андерсен. Премиерно беше прикажан 2011 година на Синедејс во Скопје и од тогаш е прикажан на петнаесет интернационални фестивали.