„Берлински процес“

Лидерите од Западен Балкан на самит во Париз

04.07.2016 10:10

Македонската делегација ја предводи премиерот Емил Димитриев, заедно со вицепремиерот и министер за надворешни работи Никола Попоски и вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски. На состанокот во Елисејската палата, пред шефовите на држави и на влади се три жешки теми: миграцијата и бегалците, соработката на полето на безбедноста и борбата против тероризмот, европските перспективи.

Берлинскиот процес се префрли во Париз. Пред шефовите на држави и на влади од Западниот Балкан,  министрите за надворешни работи и за економски прашања, како и претставниците на Европската унија и на други меѓународни институции се низа прашања – од економија и инфраструктура до европската интеграција и перспективите на младите.

Македонската делегација ја предводи премиерот Емил Димитриев, заедно со вицепремиерот и министер за надворешни работи Никола Попоски и вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски. На состанокот во Елисејската палата, пред шефовите на држави и на влади се три жешки теми: миграцијата и бегалците, соработката на полето на безбедноста и борбата против тероризмот, европските перспективи.

Премиерите на Македонија, Албанија, Србија, Косово, Црна Гора  и Босна и Хереговина ставаат потпис на  договор за воспоставување регионална младинска канцеларија за соработка. Фокусот е на образованието и на мобилноста на младтите, вработувањето, нивното вклучување во демократските процеси, медиумите и слободата на говорот.

На маса се и инфраструктурните проекти од областа на транспортот и на енергетиката, кои треба да ја зголемат поврзаноста со Европската унија. Бизнисмени од регионов, пак, заедно со министри за економски прашања и меѓународните финансиски институции, како Европската инвестициска банка, Европската банка за обнова и развој, Светска банка, на Форум во француската престолнина разговараат за бизнис – климата, за  потесна регионална трговија, транспортна интеграција, реформи, поблиска соработка, за инвестиции.

Берлинскиот процес треба да помогне во исполнувањето на крајната цел, а тоа е интеграција на сите држави од Западниот Балкан во ЕУ. Фондот за Берлинскиот процес, што го иницираше Германија во 2014-та, е вреден 30 милијарди евра за период од 15 години. Првиот состанок од овој формат беше во Берлин, лани средбата се одржа во Виена, идната, пак, ќе биде во Рим.

 

Мартин Пушевски, спецјален известувач од Париз за МРТ