Второ пријавување за упис во средните училишта

04.07.2016 13:43

Резултатите од запишувањето и слободните места ќе бидат објавени на 6-ти јули. Првото пријавување за гимназиско, стручно и уметничко образование, и за Спортската академија се одржа на 28-ми и 29-ти јуни.

Во средните училишта се спроведува второто пријавување од јунскиот уписен рок за запишување  ученици во прва година во учебната 2016/2017 година.

Резултатите од запишувањето и слободните места ќе бидат објавени на 6-ти јули. Првото пријавување за гимназиско, стручно и уметничко образование, и за Спортската академија се одржа на 28-ми и 29-ти јуни.

Пријавувањето и запишувањето на учениците во августовскиот рок ќе биде на 24-ти август.

Училиштата кои во двата уписни рока нема да ги пополнат местата утврдени со конкурсот што го објави министерството за образование и наука ќе продолжат со запишување ученици до 31-ви август.