Ректорската управа формира комисија за студентските избори
Изборите беа оценети како скандалозни со осуда за сите форми на насилство, но според ректорот во заминување Стојковски, УКИМ нема надлежност да ги поништи изборите.

Ректорската управа на УКИМ ќе формира комисија која ќе ги разгледува материјалите и доказите од случувањата при изборот на новиот студентски лидер, а потоа и да ги расчисти сите нејаснотии.
Изборите беа оценети како скандалозни со осуда за сите форми на насилство, но според ректорот во заминување Стојковски, УКИМ нема надлежност да ги поништи изборите.
Од Студентскиот пленум велат дека не е време за формирање комисија, туку УКИМ треба веднаш да излезе со конкретен став за случувањата.
Од Студентскиот парламент, пак, велат дека и врз нивните членови имало насилство и биле психички малтретирани. Побараа нови средби за да ги приложат материјалите кои ги поседуваат и побараа дополнително време за да ги презентираат своите аргументи и факти.
