Идентификувана удавената жена во Калиманци
Обдукцијата покажала дека смртта на жената настапила како последица од давење во вода. Констатирани се повреди на главата и на десната надлактица, како и на долниот дел на грбот.

На телото на 31- годишната жена од Македонска Каменица, која синоќа се удави кај браната Калиманци, се пронајдени траги од насилство. Во полицијата претходно било пријавено дека таа и сопругот, кои биле заедно во автомобилот „Форд фиеста“, имале брачни недоразбирања.
Обдукцијата покажала дека смртта на жената настапила како последица од давење во вода. Констатирани се повреди на главата и на десната надлактица, како и на долниот дел на грбот.
Според МВР, жената и нејзиниот сопруг се превезувале со „Форд фиеста“, излетале од патот со автомобилот и паднале во вештачката акумулација. Се преземаат мерки за пронаоѓање на Д.С. и на возилото, како и за целосно расчистување на настанот.
Пронајдени се траги од автомобил, возилото се уште не е лоцирано, ниту пак е лоцирано другото лице во водите на езерото.
Од обвинителството велат дека се работи на расветлување на причините за смртта.
