Чанинг Тејтум во филм на Дизни ќе биде сирена од морето

04.08.2016 13:37

Дизни ќе направи римејк на овој филм, но овојпат одлучи да ги замени улогите, така што суштеството од длабочините ќе биде маж, а за таа улога избран е мускулестиот Чанинг Тејтум (36).

Во хит филмот „Splash“ од 1984 година Том Ханкс играше маж кој е вљубен во морска сирена која ја играше Дерил Хана.

Дизни ќе направи римејк на овој филм, но овојпат одлучи да ги замени улогите, така што суштеството од длабочините ќе биде маж, а за таа улога избран е мускулестиот Чанинг Тејтум (36).

Актерот и манекен се прослави со улогата на стрипер во филмот „Magic Mike“, а ги кршеше и срцата на тинејџерките во драмата„Dear John, направен споредроманот на Николас Спаркс. Пред четири години тој беше прогласен за најсекси маж.