ДИК: Досега пријавени 1.560 граѓани со спорни записи

04.08.2016 13:18

Најголем број на пријави има во општините, Чаир, Аеродром, Гостивар, Тетово и Кичево, соопшти денеска Љупка Гугучевска од ДИК.

Заклучно со денеска, до 12 часот, до Државната изборна комисија се пријавиле вкупно 1.560 граѓани чиишто записи во Избирачкиот список по извршените вкрстени и теренски проверки се спорни, односно има несовпаѓање на податоците во Избирачкиот список.

Од нив, 522 се пријавиле во подрачните одделенија и канцеларии и дополнителните канцеларии на ДИК, додека 1.038 за пријавување ја искористиле веб апликацијата на интернет страницата на ДИК. Најголем број на пријави има во општините, Чаир, Аеродром, Гостивар, Тетово и Кичево, соопшти денеска Љупка Гугучевска од ДИК.

За вкупно 39.502 лица се појавија несовпаѓања на податоците при вкрстените проверки за проичистување на Избирачкиот список. Тие имаат рок до 19-ти август да се пријават во ДИК, со цел да можат да го остварат своето избирачко право.