Почнуваат Олимписките игри во Рио

05.08.2016 09:44

Спортисти од 260 нации ќе се натпреваруваат во 28 спортови пред гледалиште од повеќе милијарди гледачи. Во периодот од 5-ти до 21-ви август Македонската радио телевизија ексклузивно ќе ја пренесува Олимпијадата преку секојдневна 12- часовна програма...

На најголемиот стадион во светот, на бразилска Маракана вечер ќе бидат отворени Олимписките игри во Рио. Спортистите од 260 нации ќе се натпреваруваат во 28 спортови пред гледалиште од повеќе милијарди гледачи.

Ова се 31-те Олимписки игри, кои не се одржаа само три пати досега поради Првата и Втората Светска војна.

Во периодот од 5-ти до 21-ви август Македонската радио телевизија ексклузивно ќе ја пренесува Олимпијадата преку секојдневна 12- часовна програма.