Бразил: 85.000 полицајци и војници ќе ги обезбедуваат Олимписките игри

05.08.2016 12:24

Медиуимите коишто се наоѓаат на лице место јавуваат дека безбедносната состојба во Рио Де Жанеиро е потполно различна од она што светските медиуми го јавуваа во изминатите неколку месеци. Повеќе од 85 илјади полицајци и војници ќе се грижат за безбедноста за време на игрите. Хеликоптери постојано го надлетуваат градот...

Почна одбројувањето до почетокот на Летните олимписки игри кои годинава се одржуваат во Бразил. Медиуимите коишто се наоѓаат на лице место јавуваат дека безбедносната состојба во Рио Де Жанеиро е потполно различна од она што светските медиуми го јавуваа во изминатите неколку месеци.

Повеќе од 85 илјади полицајци и војници ќе се грижат за безбедноста за време на игрите. Хеликоптери постојано го надлетуваат градот, а на секои неколку стотини метри се распоредени воено-полициски пунктови. Тоа особено е видливо кај фавелите.

„55 различни безбедносни и разузнавачки агенции ќе соработуваат со федералната и воената полиција, како и со разузнавачките служби овде“, вели Роберт Мага, експерт за безбедност.

Исламската држава најави повеќе напади за време на игрите, поради што бразилската влада тесно соработува со американската за да поголема безбедност. Тренинзите вклучуваат симулирани престрелки во подземната железница во Рио. Главниот аеродром во градот, од кадешто пристигнуваат спортистите и гледачите, го обезбедуваат голем број војници со автоматски оружја.

„Не сум загрижена. Секаде е опасно. Мислам дека се ќе биде во ред тука“, вели една туристка.

Минатиот месец, властите со помош на ФБИ уапсија 12 луѓе осомничени дека планирале напади за време на игрите со печат на Исламска држава.

„Повеќе од 550 милиони долари биле потрошени од јавниот буџет за безбедноста во 2016, токму во момент кога навистина мора да се зајакне сигурноста“, изајви Мага.

Домаќините пак ги кријат сите детали што се однесуваат на самата церемонија на отворањето. Познато е дека ќе учествуваат танчари од 12 школи за самба во Рио. Ќе настапуваат и најпопуларните поп пејачи, како и една од најпознатите светски манекенки, бразилката Жизел Бундшен.

Но, поради лошата економска состојба на Бразил, ова исто така ќе претставува и едно од најевтините отворања и затворања на игрите, бидејќи ќе чини само114 милиони американски долари.

На отворањето ќе присуствуваат претседателот на Франција, Франсоа Оланд, на Аргентина, Маурисио Макри, и на Колумбија, Хуан Мануел Сантос, како и премиерот на Италија, Матео Ренци. Американската делегација на игрите, пак, ќе ја предводи државниот секретар Џон Кери.

Церемонијата на отворањето на ЛОИ почнува во 23.00 часот по Гринич, (01.00 часот по средноевропско време, на 6 август) на стадионот Маракана.

Марина Автовска