Олимпискиот факел синоќа пристигна во Рио
05.08.2016 12:11
Граѓаните негодуваа поради промената на патеката на пренесувањето на факелот во последен момент, избегнувајќи ги сиромашните делови на градот.
Олимпискиот факел синоќа пристигна во центарот на Рио, а потоа беше пренесен до Копакабана кадешто мала група демостранти протестираа против бразилскиот претседател Темер.
Граѓаните негодуваа поради промената на патеката на пренесувањето на факелот во последен момент, избегнувајќи ги сиромашните делови на градот.
Денеска олимпискиот симбол ќе биде претставен и пред заштитната статуа на Исус Спасителот во Рио, пред да се упати кон Маракана каде ноќеска ќе бидат отворени 31-те Олимписки игри.