Салиу: Набавени се нови 1.180 пумпи, дел се веќе во функција
На располагање има 1.180 пумпи за вадење на водата, вели директорот на Дирекцијата, Шабан Салиу. Побарана е техничка помош и од Брисел...

270 припадници на Дирекцијата за заштита и спасување се деноноќно на терен кои помагаат во санирање на штетите. На располагање има 1.180 пумпи за вадење на водата, вели директорот на Дирекцијата, Шабан Салиу. Побарана е техничка помош и од Брисел.
Помош досега има од Бугарија, Србија, а се најавува и од БиХ и од други држави.
Тој информира дека имаат ангажирано тимови кои се потребни за работа со механизација и со пумпите кои се поставени во најважните точки. Во моментов има околу 250 возила и механизација на Дирекцијата и од одредени градежни фирми.
Го активиравме механизмот за заштита и спасување во Брисел и добивме можност за влегување во картите на Коперникус. Тоа се сателитски снимки, каде ќе имаме прегледност во секоја куќа што се случило, во поглед на штетата, рече Салиу.
Најави дека наскоро ќе дојдат експерти од Брисел за да се утврди која е причината за толку голема несреќа.
