Именувани четири члена на ад-хок телото за следење на медиумите пред изборите
Предлозите на владејачката партија се Слаѓана Димишкова од „Вест“ и Цветин Чилиманов од „Македонската информативна агенција“. Социјалдемократите, пак, ги предложиле Горан Трпеновски од „Вест“ и Љубомир Костовски од „Глобус“.

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги именуваше членовите на привременото ад- хок тело за следење на медиумите пред предвремените парламентарни избори, на предлог на партиите.
ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ предложија по два члена. Предлозите на владејачката партија се Слаѓана Димишкова од „Вест“ и Цветин Чилиманов од „Македонската информативна агенција“.
Социјалдемократите, пак, ги предложиле Горан Трпеновски од „Вест“ и Љубомир Костовски од „Глобус“.
Директорот на Агенцијата за медиуми ќе го именува петтиот член на ад- хок телото, по претходен предлог, усвоен со консензус од четирите члена, во рок од 15 дена од нивното именување, односно најдоцна до 23 август.
