Сочувство од САД за настраданите во поплавите
09.08.2016 13:15
Народот на Македонија е во нашите мисли и молитви кога ги оплакува мртвите, кога ги лекува повредените, кога се справува со огромните загуби и со настанатата штета...

Официјален Вашингтон изрази сочувство за настраданите во поплавите што зафатија делови од земјава.
„Соединетите Американски Држави изразуваат сочувство за сите настрадани во неодамнешните поплави во Македонија. Народот на Македонија е во нашите мисли и молитви кога ги оплакува мртвите, кога ги лекува повредените, кога се справува со огромните загуби и со настанатата штета“, рече Елизабет Трудо, директор на Канцеларијата за односи со јавноста на Стејт департментот за време на редовниот брифинг во Вашингтон.
