Продолжува хуманитарната акција, донирани над 8 милиони денари
Над 8 милиони денари е сумата собрана досега на бесплатниот телефонски број за помош. Погодените имаат потреба од конзервирана и бебешка храна, вода, средства за хигиена и дезинфекција, лопати, кофи, чизми...

Продолжува хуманитарната акција за настраданите. Отворени пунктови, телефонски линии, жиро-сметки. Граѓаните, компаниите, невладините организации покажуваат солидарност.
Досега помош стигнала до 12 илјади луѓе. Дистрибуирани се 55 тони вода за пиење. На сметката на фодот на солидарност се собрани над 8 милиони денари. Надлежните апелираат сите што се во можност да се вклучат во акцијата. Најпотребни продукти се конзервирана и бебешка храна, пелени, вода за пиење, средства за хигиена и за дезинфекција, лопати, гумени чизми и кофи.
Од Црвениот крст велат дека од пунктовите во момин поток и во основното училиште „Наум Наумовски Борче“ помошта ќе се дистрибуира директно до домовите.
„Од утре ќе се прават дополнителни проценки, и согласно со проценките, наредниот ден ќе се врши дополнителна дистрибуција. Таков систем на дистрибуција ќе имаме во наредните десет дена, а согласно потребите од терен, ние ќе го промениме системот и ќе се реорганизираме“, изајви Сузана Тунева-Пауновска, секретар на Црвениот Крст на Град Скопје.
Општините на вонредни седници одвојуваат пари од буџетите.
„Пренасочување на средства во износ од 600.000 денари кон Општина Гази Баба, како и издвојување на средства од буџетот на Општина Кисела Вода за загрозените семејства на територија на Општината во висина од 2.000.000 денари“, изјави Билјана Беличанец Алексиќ– градоначалник на Општина Кисела Вода.
Македонските спортисти, кошаркари, фудбалери, ракометари, автомобилисти се приклучија со донации.
„Организираме хуманитарна акција пред салата Борис Трајковски, за собирање на средства кои ќе бидат наменети за настраданите во Стајковци и Сингелиќ“, изјави Драган Тотиќ - спортист.
Стигнува помош и преку владите од соседните земји.
Ана Јосифоска- Тодоровска
