Хуманост на тројца тинејџери од Маџари
Лажеле дома дека си играат во училишниот двор, а растоварале помош за погодените од поплавите. Хуманост на тројца тинејџери од Маџари. Од Дирекцијата за заштита и спасување известија дека 270 нејзини прпадници помагаат во санирање на штетите...

На родителите им кажувале дека одат да играат во училишниот двор, а тие цел ден растовараат хуманитарна помош. Малите и неуморни херои Виктор, Матеј и Марко од утро до вечер им помагаат на своите сограѓани во пунктот на Црвениот крст. Жалат што нивните другарчиња одат голи и боси, а некои ги изгубија своите најблиски и домови. Децата од Маџари веќе втор ден се во мисија. Навозрасниот меѓу нив има 14 години, а најмалиот 10.
„Донирав чевли, храна, паковка вода, и едни мои пижами, за некое дете што е поплавено...“
„Донесов маички, облека за бебињата, количка, навлаки и мене ми беше жал бидејќи другарчињата мои се поплавени, изгубиле некои работи и дојдов тука да помогнам, растоваравме...“
„Многу ми падна жал бидејќи многу луѓе ги изгубија куќите. Работиме цел ден, носиме, истовараме“, велат малите херои.
Денеска на помош дојде и војската од Србија. Заедно со околу 270 припадници на ДЗС им помагаат на жителите од најпогодените подрачја. Ставени се во функција 1.180 пумпи кои ги набави владата. Пристигнаа и експертите од Брисел, а и земјите од соседството пратија своја помош во земјава.
„Го активиравме механизмот за заштита и спасување во Брисел и добивме можност за влегување во картите на Коперникус. Тоа се сателитски снимки, каде ќе имаме прегледност во секоја куќа што се случило, во поглед на штетата“, изјави првиот човек на ДЗС, Шабан Салиу.
Со ангажирањето на механизицијата вели салиу делумно нормализирање на состојбата се очекува за неколку дена.
Околу стотина граѓани дневно бараат помош пунктот на Дирекцијата за заштита и спасување сместен во основното училиште „25-ти Мај“. Од Дирекцијата велат дека активно работат на терен. Најпрво им се помага на оне граѓани чии што домови се поплавени.
Од вчера помош во опрема и луѓе е испратена и во Илинден од каде стигнале реакции за недоволна ангажираност на Дирекцијата.
Викторија Милевска
