Обиколницата Скопје пуштена за сообраќај
Со натчовечки напори се прават обиди за нормализација на животот во погодените подрачја од саботната поплава. И додека жителите од неколкуте скопски села и населби, заедно со претставниците на институциите ја црпат водата и ги санираат последиците, АМСМ извести дека скопската обиколница која што беше поплавена и оштетена од ноќеска е пуштена во сообраќај во двата правца...

Обиколницата Скопје која беше поплавена и оштетена во невремето во саботата, од синоќа е пуштена за сообраќај во двата правца, соопшти Автомотосојузот на Македонија.
На оштетените делови од коловозот се поставени сообраќајни знаци за регулирање на брзината на движење на возилата.
Сообраќајот на сите останати државни патишта се одвива без забрани, по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
