ЈСП со измени на сообраќајот во поплавените подрачја

10.08.2016 10:56

Линијата 65-В ќе сообраќа по обиколница до клучката за Страчинци, 65-ка до село Раштак, 65-А нема да сообраќа, патот е сѐ уште непрооден.

Јавното сообраќајно претпријатие известува дека од денеска не важат повеќе редукциите на автобуските линии на повеќе патни правци.

Линијата 65-В ќе сообраќа по обиколница до клучката за Страчинци, 65-ка до село Раштак, 65-А нема да сообраќа, патот е сѐ уште непрооден. Автобусот 65-Б до Милковци ќе сообраќа само со минибус, линијата 55-А до Брњарци е целосно обновена, а се воведува и минибус на релација Раштак- Црешево- Виниче- Смилковци.