Доброволци од Прилеп и денеска ќе помагаат во Скопско
Глетките, велат доброволците, се стравотни, не може да се заборават, но тие ќе помогнат колку што може животот да се врати во нормалниот тек.
Втор ден по ред, доброволците од Прилеп изутрината заминаа да помогнат во расчистување на последиците по невремето во Скопско.
Волонтери од водостопанското претпријатие „Прилепско поле“, од прилепскиот Тутунски комбинат, екипи од противпожарната единица, од Македонски шуми – „Црн Бор“, од јавните комунални претпријатија од Службта за итна медицинска помош и граѓани, опремени со лопати, чизми и механизација, повторно се упатија кон скопско Стајковци.
Глетките, велат доброволците, се стравотни, не може да се заборават, но тие ќе помогнат колку што може животот да се врати во нормалниот тек.
Прилепската локална самоуправа и денеска го отвора телефонскиот број, 048/401 701 за сите волонтери кои сакаат да се пријават за помош наредниве денови.
